Маричиќ: Вредна е за разгледување идејата за брз влез во ЕУ со замрзнато право на вето

news
Advertisement

„Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на државите од Западен Балкан, но со одредени нетипични дерогации.

Advertisement

Одредени права да им бидат замрзнати првите пет или 10 години, како правото на вето или правото на комесар“ рече вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е идеја за кој авреди да се разговара, бидејќи за нас е битно да влеземе во системот за политичко одлучување преку Европскиот Парламент и Советот за министри што поскоро.

„Правото на вето и правото да се избира комесар од кај нас дури и да дојдат подоцна не е страшен проблем, бидејќи секако на државите им требаат пет до 10 години да се социјализираат во тој нов систем. Ние сакаме во ЕУ заради прифаќањето на тие вредности и стандарди, влез на заедничкиот пазар и учество во крупните одлуки“ рече Маричиќ.

Според вицепремиерот подобро е да сме на маса, отколку да чекаме уште 10 години за ЕУ да се реформира и секако да ги немаме тие права.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.