Маск изгубил повеќе пари од кого било во историјата

news
Advertisement

Поголемиот дел од тоа е поврзан со Тесла, чии акции паднаа за 65 отсто во 2022 година. Побарувачката за моделите на Тесла падна откако минатата година порасна конкуренцијата со електрични возила на етаблираните произведувачи на автомобили. Компанијата ги надмина своите цели на раст и го намали производството во Кина, а нивните испораки во четвртиот квартал, објавени во понеделникот, не ги достигнаа проценките на Волстрит.

Advertisement

Падот на интересот на купувачите за Тесла стана очигледен минатиот месец, кога компанијата на муштериите им го понуди најголемиот попуст досега. за да се ослободи од залихите пред почетокот на новата година, компанијата на крајот им нудеше попуст од 7.500 долари на оние кои возилото ќе го преземат пред крајот на годината. Овие големи попусти ги вознемирија инвеститорите, поради што акциите на Тесла во декември паднаа за 37 отсто.

Критичарите долго прашуваа дали Тесла навистина вреди трилион долари, на колку беше проценета компанијата на почетокот на 2022. На својот врв Тесла вредеше повеќе од 12-те најголеми произведувачи на автомобили во светот заедно, и покрај тоа што имаше само дел од нивната продажба.

Тесла годината ја заврши со вредност од 386 милијарди долари, што е и понатаму далеку повеќе од конкуренцијата, но многу помалку од технолошките гиганти како Епл, Мајкрософт, Гугл и Амазон со кои се споредуваше пред една година.

Купувањето на Твитер за 44 милијарди долари од страна на Маск не им помогна на акциите на Тесла, како ни на неговото лично богатство. Откако го објави својот интерес за Твитер во април минатата година, Маск продаде акции на Тесла во вредност од 23 милијарди долари.

Си-ен-ен бизнис предвидува дека акциите на Тесла би можеле да се опорават, а Маск би можел повторно да стане најбогатата личност во светот. Но неговата репутација на гениј претрпе сериозна штета, речиси колку и неговото лично богатство, оценува Блумберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.