Мајкрософт отпушта 10.000 работници

news
Advertisement

Компанијата Мајкрософт денеска објави дека ќе затвори 10.000 работни места до крајот на третиот квартал од оваа фискална година, што е најнов знак дека отпуштањата се забрзуваат во американскиот технолошки сектор.

Advertisement

Отпуштањата и другите трошоци со кои се соочува компанијата ќе чинат 1,2 милијарди долари во вториот квартал од фискалната 2023 година, односно во периодот јануари-март, што претставува негативно влијание од 12 центи на профитот по акција, соопшти Мајкрософт, пренесува Гласот на Америка.

Во пораката до вработените, која ја виде Ројтерс, извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, рече дека клиентите сакаат „да ги оптимизираат своите дигитални трошоци за да постигнат повеќе со помалку“ и дека компанијата сака да биде многу внимателна, „како што некои делови од светот во рецесија, а други очекуваат тоа да се случи“.

Мајкрософт во јули минатата година објави дека укинал мал број работни места, додека веб-страницата Axios во октомври објави дека компанијата отпуштила нешто помалку од 1.000 вработени во неколку од нејзините оддели.

Мајкрософт има проблем и со недостиг на побарувачка на пазарот на персонални компјутери откако помина пандемискиот „бум“ што ја намали побарувачката за Windows и сродниот софтвер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.