МИНАТАТА ГОДИНА ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗОТ ОД АЛБАНИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

news
Advertisement

– Во периодот јануари-ноември минатата година албанскиот извоз во Северна Македонија е поголем за 4,5 милијарди лека, споредено со истиот период претходната година, јави албанската државна агенција, АТА.

Advertisement

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешната трговија, во периодот јануари-ноември во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 16 милијарди лека.

– Во текот на извештајниот период увозот од Северна Македонија во Албанија се зголемил за 2 милијарди лека. Увозот резултира со бројки од 14 милијарди лека, наспроти 12 милијарди колку што бил во тој период од 2021 година, наведува ИНСТАТ.

Најизвезувани и понатаму се свежите производи: домати, краставици, риба, јужно овошје, како и тестенини.

Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 и од 2011 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана и функционира без царински давачки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.