Министер загина во хеликоптерска несреќа

news
Advertisement

Мексиканскиот министер за јавна безбедност на сојузната држава Агуаскалиентес во централно Мексико загина во хеликоптерска несреќа во која загинаа вкупно пет лица, објави гувернерот на таа сојузна држава.

Advertisement

Несреќата е снимена на камера, а на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како леталото паѓа на празна тревна површина. Сите пет лица во хеликоптерот загинаа, меѓу кои и министерот за јавна безбедност Порфирио Хавиер Санчес Мендоса. Несреќата се случила утрово на северот на сојузната држава.

Тере Хименес, гувернерот на државата Агуаскалиентес, изјави дека причината за падот на хеликоптерот најверојатно е несреќа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.