Мицкоски: Ајде на брзи избори во мај, без техничка влада

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ му кажа НЕ на Груби. За претседателот на партијата Христијан Мицкоски понудата на Артан Груби прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на предвремени избори е неприфатлива. Мицкоски вели дека ставот на неговата партија е принципиелен. Ниту учествувале во преговорите за францускиот предлог, ниту презеле обврска за неговоисполнување. Сега, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори и тоа без техничка влада.

Advertisement

Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминативе години и изминативе месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Критики за предлогот на Груби стигна и од така наречената Огнена група. Изет Меџити вели дека за предлогот на Груби не е разговарано во партијата и дека за тоа слушнал од медиумите.

Паднаа сите политички аргументи дека се работи за зголемување и стабилизација на мнозинството. Повторно имаме иста бројка. Имаше друг аргумент, дека со реконструкцијата на Владата ќе се приближиме до бројката од 80 пратеници, а сега со ова што Груби го повикува ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните промени – со тоа самиот прифаќа дека не сме ни блиску до тоа. Очигледно е дека ова е Алијанса за спас на Груби и ништо друго. Нема допирна точка со европски вредности, со зголемување на мнозинството или нешто друго во интерес на граѓаните, вели Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Од СДСМ остануваат на ставот дека предвремени избори нема да има.

Нема предвремени избори. Мицкоски капитулираше уште еднаш и оваа тема е веќе затворена. После капитулацијата со предвремните избори, Мицкоски го чека пораз и на изборите во 2024 година, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема 61 пратаник, а дека власта има зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.