Мицкоски: Кога јас управував со ЕЛЕМ, компаниите плаќаа четврта најевтина струја во Европа

news
Advertisement

МакедонијаПолитикаСлајдер
Мицкоски: Кога јас управував со ЕЛЕМ, компаниите плаќаа четврта најевтина струја во Европа
06/10/2022 17:59
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска објасни дека кога тој управувал со АД Електрани на Македонија, македонските компании плаќале четврта најевтина цена за струјата во Европа, или два ипол речиси пати помалку од тоа што го плаќаат 5 години потоа.

Advertisement

-Бидејќи владата на СДСМ сака да се споредува со периодот кога јас бев советник на претседателот на Владата (од април 2015 до јуни/јули 2017 година) и генерален директор на ЕЛЕМ (од септември 2016 до август 2017 година), тогаш да ја направиме таа споредба. Имено, во првото полугодие од 2017 година македонските компании плаќале четврта најевтина струја во Европа по цена од 69,5 евра мегават час, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски додава дека според ДЗС, компаниите кои годишно трошат меѓу 500 и 2 000 мегават часови струја се најголемиот дел од оние 72 000 компании за кои владата тврди дека им помага, плаќаат осма најскапа струја во Европа, односно, како што вели плаќаат 10,391 денари киловат час што е еднакво на 168,64 евра мегават час.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.