Мијалков се пријавил во струшкиот затвор

news
Advertisement

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, согласно судската покана за издржување на затворската казна, денеска по 14 часот се пријавил во струшкиот затвор, објави Телма, повикувајќи се на свои информации

Advertisement

А1он“ објави дека тој во затворот дошол сам, без обезбедување, носејќи куфер.

Мијалков склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот Империја и треба да одлежи тригодишна казна. Тој, откако се спогоди, ја смени адресата на живеење во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Овој „маневар“ наиде на бурни реакции во јавноста.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, ова го нарече „затворски туризам“, бидејќи погодностите во овој затвор се многу поголеми, а Мијалков не е прв кој искористи прилика да одлежи казна таму, со промена на живеалиштето во Охрид.

Влегувањето во затвор на Мијалков доаѓа откако тој еднаш го одложи издржувањето на затворската казна поради здравствени причини. Во меѓувреме, во хотелот „Мериот“ го славеше раѓањето на неговата прва внука, од синот Јордан. Два дена подоцна, без да побара ново одложување, се јави на издржување на казната.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.