Момче со аутизам поинтелигентно од Ајнштајн: Има 11 години и коефициент на интелигенција 162

news
Advertisement

Кевин Свени, аутистично 11-годишно момче од Велика Британија, има коефициент на интелигенција 162. Кевин го решил тестот за интелигенција Менса подобро од Стивен Хокинг, чиј коефициент на интелигенција беше 160. Се претпоставува дека Алберт Ајнштајн, кој никогаш не го полагал тестот, имал еднаков коефициент на интелигенција како и Хокинг. Кевин, кој бил единственото дете што го полагал тестот на 16 јули, сега се рангира над физичарот Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн. Поради својата исклучителна интелигенција, Кевин доби официјална покана да се приклучи на престижната Менса, најголемото и најстарото друштво на луѓе кои имаат висок коефициент на интелигенција. Просечниот возрасен човек има коефициент на интелигенција од 100, додека резултатот над 140 се смета за генијален.
Кевин, пренесува британски „Метро“, ​​отсекогаш бил паметно дете. Почнал да чита пред да тргне во основно училиште, а на шестгодишна возраст го знаел целиот периодичен систем на елементи.
Еди Свини, таткото на Кевин, рекол дека Кевин бил единственото дете што го полагал тестот тој ден: „Мислевме дека можеби сите тие возрасни ќе го исплашат, но тој разговараше со сите и им велеше: „Здраво, јас сум Кевин“.
„Тоа е одлично. Многу сме горди на Кевин. Трчаше низ градината кога се пристигнаа резултатите. Тоа му значеше повеќе отколку што мислевме. Се надеваме дека тоа ќе му даде ветар во грб“, рече таткото на Кевин. Таткото додал дека животот за Кевин е полн со предизвици, но тие сакаат момчето да го исполни својот потенцијал.
„Секогаш им кажувавме на луѓето дека е гениј, а јас не го користам тој збор лесно“, додал тој.
Раскажал и дека Кевин има многу широко општо познавање.
„Обично ги знае сите одговори на прашањата од квизовите „Потрага“ и „Кој сака да биде милионер“. Еднаш се појави прашање од Хари Потер, а тој беше убеден дека понудените одговори беа погрешни. Истрча во својата соба и го најде вистинскиот одговор. На шест години, тој го знаеше периодниот систем по околу една недела и луѓето постојано го тестираа. Го прашуваа за бројот и тој им кажуваше кој е симболот и колкава е тежината на елементот“.
Таткото на Кевин дури открил како неговиот син одговорил на прашањето од 250.000 фунти во квизот „Кој сака да биде милионер“ уште пред да се појават опциите. Еди истакнал дека најголемата страст на Кевин е, сепак, музиката. Момчето пее и свири, а омилени инструменти му се клавирот и гитарата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.