„Морав да бакнам многу жаби пред да го најдам него“: Поранешното момче го изневерувала со 20 мажи, а сега пејачката е среќно заљубена

news
Advertisement

Пејачката Рита Ора ретко во јавноста се појавува со сопругот актер и режисер Таика Ваитити, а за него никогаш не зборувала, до неодамна кога сликовито го опишала нивниот однос.

Advertisement

„Многу сум среќна и заљубена. Отсекогаш сум сакала своја бајка и свој принц. Морав да бакнам многу жаби пред конечно да го најдам“, изјавила Рита неодамна додавајќи дека неа, кога е бракот во прашање, пример ѝ се родителите од чија венчавка поминале 30 години.

Кога ќе се погледне кон нејзиното љубовно минато, тука е врската со Келвин Харис со кој повеќе пати безнадежно ја обновуваше романсата, но исто така и со Луис Хамилтон.

Голем скандал иницирала кога флертувала со синот на Викторија и Дејвид Бекам – Бруклин Бекам, а потоа наводно се вмешала и во бракот на славниот пар.

Се шпекулирало дека актерката Никол Кидман забележала спорни детали меѓу Рита и нејзиниот сопруг Кит Урбан на снимањето на емисијата „The Voice of Australia“.

Најбурната врска ја имала со Роб Кардашијан којшто после раскинувањето ја обвини дека го изневерила со 20 мажи, велејќи дека имале отворен однос. Братот на Ким Кардашијан тешко го поднел емотивниот крах, а поради тоа што утехата ја барал во храната, стигнал до телесна тежина од 135 килограми.

Бурен бил и нејзиниот однос со раперот АСАП Роки којшто за „BBC“ изјавил дека имал афера со Рита, а потоа срамно ја навредил во песната „Better Things“. Подоцна се извинувал тврдејќи дека неговата намера не била да понижува жени.

Потоа следела врската со Таика Ваитити која започнала пред една година и пол. Познатиот пар првпат заедно во јавноста се појави на премиерата на филмот „The Suicidе Squad“ во Лос Анџелес, во август 2021 година, а потоа се венчаа на интимна церемонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.