„Мртво тело“ на плажа испаничи луѓе: Дошла полиција па ја дознале бизарната вистина

news
Advertisement

Мештаните повикале полиција поради женско тело на плажа и ја дознале бизарната вистина.
Се испоставило дека „телото“ пронајдено на плажата во Тајланд е всушност ултрареалистична кукла за секс, вредна 550 евра.
Згрозените посетители на плажата наишле на „голиот труп“ на плажата Банг Саен во тајландската провинција Чонбури, на околу 100 километри источно од Бангкок. Изгледало како гола жена која лежи мртва на брегот со маица преку главата.
Службите за итна помош и полицијата веднаш дошле на местото на настанот откако добиле панични повици, но кога пристигнале таму, откриле дека не станува збор за човек, туку за кукла на која и недостасувала главата.
Полицијата верува дека куклата била фрлена во реката и стасала во морето пред да исплива на брегот. „Ако сопственикот сака да си ја врати куклата, може да ја земе во станица“, порачале од полицијата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.