Над 30 загинати од кои 23 деца во напад на центар за згрижување деца во Тајланд

news
Advertisement

Повеќе од 30 луѓе се убиени денес кога вооружен маж отвори оган во центар за згрижување деца во североисточниот дел на Тајланд, соопшти полицијата.

Advertisement

Полицискиот генерал-мајор Ашајон Краитонг изјави дека пукањето се случило рано попладне во центарот во градот Нонгбуа Ламфу.

Тој рече дека напаѓачот убил 30 луѓе пред да си го одземе животот.

Спорд Ројтерс, бројката на загинати е 34.
Портпаролот на регионалната канцеларија за односи со јавноста рече дека досега се потврдени 26 смртни случаи – 23 деца, двајца учители и еден полицаец.

Според извештаите на тајландските медиуми, вооружениот напаѓач користел и ножеви во нападот, а потоа побегнал од зградата.

Фотографиите покажаа најмалку две тела на подот од центарот покриени со бели чаршафи.

Неколку медиуми го идентификуваа напаѓачот како поранешен полицаец, но нема официјална потврда.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.