Наскоро енормно зголемување на цената на гасот во Бугарија

news
Advertisement

Бугарската гасна компанија „Булгаргаз“ ја потврди оценката за поскапувањето на природниот гас и предлага во август таа да биде 297,89 лева (152,69 евра) за мегават час (MWh), се вели во информацијата објавена на веб-страницата на компанијата.

Advertisement

Предлогот на „Булгаргаз“ претставува зголемување од околу 60 отсто во однос на јулската цена, пишува бугарскиот портал Новините.

Во предложената цена по која „Булгаргаз“ продава природен гас на крајните добавувачи и субјекти кои имаат лиценца за производство и пренос на топлинска енергија не се вклучени акцизите и ДДВ, се наведува во текстот.

Причина за поскапувањето се високите цени по кои државната компанија купува сино гориво. За споредба, цените на европските пазари на гас за испораки во август 2022 година надминуваат 171 евро за мегават час, објаснуваат од „Булгаргаз“.

Регулаторната комисија за енергетика и води (ЕВРЦ) допрва треба да одреди датум за јавна расправа за предлогот на Булгаргаз

Цената на гасот во Бугарија за август веќе требаше да биде одобрена, но на 21 јули Уставниот суд го прогласи за неуставно именувањето на сега веќе поранешниот претседател на ЕВРЦ, Станислав Тодоров. По неколкудневна политичка тензија, Народното собрание го врати поранешниот прв човек Иван Иванов на чело на регулаторното тело за енергетика.
/Faktor.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.