Неговата сестра му го одбележа роденденот со торта, Весна Петрушевска објави емотивна порака: Тоше Проески денеска ќе наполнеше 42 години

news
Advertisement

Да беше помеѓу нас, нашата музичка легенда, никогаш прежалениот Тоше Проески денеска ќе го славеше својот 42-ри роденден.

Advertisement

Овој датум секогаш ќе потсетува на нашиот ангел кој прерано го напушти овој свет, на само 26-годишна возраст. Секоја година, бројни познати личности го одбележуваат овој ден со сеќавање на Тоше, со некоја емотивна порака или интересна анегдота.

Неговата сестра Дора објави фотографија од голема бела торта и емотивна посвета по повод роденденот на музичката легенда. „Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка“, пишува на роденденската торта направена токму за него.

На социјалните мрежи се огласи и Весна Бејби Петрушевска.

„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш… Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна, животна приказна. Таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме.

И ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце. Таа топлина која ја имаше во себе. Тоа ми фали“, напиша Весна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.