Нема да има бугарска полиција на чествувањето на Гоце Делчев

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи вчера потврди дека нема да има бугарски полицајци кои ќе се грижат за безбедноста в сабота, на чествувањето по повод денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Advertisement

„Македонската полиција постапува самостојно, по претходно изготвен оперативен план и е подготвена во целост, не само за овој настан, туку за сите настани, не само за оваа пригода, туку за сите пригоди, во било какви услови – да направи сѐ за да ги сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните“, велат од МВР.

Претходно од бугарското Министерство за внатрешни работи објавија дека се подготвени да испратат свои полицајци во Скопје за в сабота, ако добијат за тоа барање од македонското МВР.
Претседателот Стево Пендаровски ја оцени свеченоста в сабота како настан со висок ризик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.