НЕ ПЛАЧИ МАМО, НЕ СУМ УБИЛ НИКОГО – АНДРЕЈ КОСТОВСКИ ЈА СМИРУВАШЕ МАЈКА СИ ПОСЛЕ ПРЕСУДАТА

news
Advertisement

е се секирај мамо, сѐ ќе биде во ред“. Вака, видно потресен и разочаран, но со смирувачки тон, третообвинетиот Андреј Костовски ѝ се обрати на својата мајка во судницата откако судијката му одреди 16-годишна затворска казна поради убиство на ракометарот Денис Тот пред скопската дискотека „Привилиџ“ во април годинава.

Advertisement

– Мајко, не сум убил никого, пред Господ сум чист. Имам чиста совест. Ова е само за да се задоволи јавноста, добро знаеме под какви околности нѐ судат. Не се секирај мамо, те молам – ѝ рече Костовски на својата мајка која беше видно шокирана и лелекаше од болка во душата.

Кога ја слушна 18-годишната затворска казна, голема нервоза го обзеде и првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, кој очигледно не можеше да се воздржи и започна кратка расправија со судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.

Таа се обидуваше со тропање на масата да го смири Анџело, кој постојано ѝ дофрлаше на обвинителката Тања Трајчевска и ја убедуваше дека не се обидел да побегне од полицијата.

– Ах, Тања, Тања кај ќе ви оди душата? Ќе ме избркате сега од судница? Што ќе ми направите? Барам ублажување на казната, ама знам дека нема да го добијам тоа што го барам – рече Анџело.

Реагираше и второобвинетата Клементина Левковска, која исто така доби 18-годишна затворска казна.

– Ова не е убиство. И вие многу добро знаете дека не е убиство – извика Клементина.

Тројцата обвинети остануваат во притвор сѐ до започнување на издржување казна, односно до правосилност на пресудата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.