НЕ СУМ РОДИТЕЛ 1, НИТУ РОДИТЕЛ 2, ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНКА! Слушнете го говорот на Џорџа Мелони во кој таа ги брани семејните вредности (ВИДЕО)

news
Advertisement

Затоа се плашат од нас. Затоа ова предизвикува толку многу страв. Затоа што ние не сакаме да бидеме само бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човекот. Секој еден човек. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код што е неповторлив. Им се допаѓало тоа или не, тоа е светост. Ние таа светост ќе ја браниме. Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат, говори новата италијанска премиерка.

Advertisement

„Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број. Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач“.

Вака гласи говорот кој ги стаписа левичарите во Италија, а им даде надеж на десничарите. Тврдите ставови на новата премиерка Џорџа Малони, која влегла во политиката членувајќи во организација поврзана со фашизам одекнаа по социјалните мрежи. Мелони ги брани семејните вредности и националниот идентитет наспроти конзумеризмот. Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.