Ново поскапување од полноќ

news
Advertisement

Според одлуката на РКЕ, од полноќ еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а еуросупер БС-98 за 91,5 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот, пак, ќе биде 93,5 денари за литар
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од ноќеска на полноќ бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денар за литар.

Advertisement

Па така, од полноќ еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а еуросупер БС-98 за 91,5 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,5 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 90 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,128 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 51,686 денари за килограм.

Со најновата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.