Парични казни за КК Чаир , нула бодови во пласманот и 10 натпревари без публика

news
Advertisement

Натпреварот од Првата македонска кошаркарска лига кој се играше на 11 декември со почеток од 19.30 часот во спортската сала „Шабан Трстена“ во Општина Чаир, помеѓу скопските екипи на КК Чаир 2030 АД и КК Работнички АД, во втората четвртина и во 6:01 минута и при постигнати поени од страна на играч на екипата на Работнички, дојде до прекин, при кој меѓусебно се кошкале играчите Арбин Рушити (Чаир) и Ерик Нотиџ (Работнички).

Advertisement

– Постапувајќи согласно членот 50.1, 50.2 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, како и согласно точка 5, Организатор на натпревар, односно членот 36 од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, натпреварот помеѓу екипите на КК „Чаир 2030 АД“ од Скопје и КК „Работнички АД“ од Скопје се регистрира со резултатот 20:0 во корист на екипата на КК „Работнички АД“ од Скопје. Освен тоа, а согласно истиот член од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, екипата на КК „Чаир 2030“ од Скопје добива нула (0) бодови во пласманот.

– Согласно членот 15.2 од Дисциплинскиот правилник на КФСМ, иницијаторите на инцидентот, играчите, Ерик Нотиџ, лиценца бр. 030689 од КК „Работнички АД и Арбин Рушити, лиценца бр. 030553 од КК,Чаир 2030″ се казнуваат со парична казна од по 10.000 денари.

– Согласно членот 55.16 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, екипата на КК „Чаир 2030″ поради остварен физички напад над противнички играч за време на натпреварот, при што истиот е прекинат пред истекот на времето, се казнува со парична казна од 48.000 денари.

– Согласно членот 15.2 од Дисциплинскиот правилник на КФСМ, екипата на КК „Чаир 2030 АД“ од Скопје се казнува дополнително, со парична казна во износ од 132.000 денари.

– Согласно членот 55.16 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, екипата на КК „Чаир 2030″ поради остварен физички напад над противнички играч за време на натпреварот, при што истиот е прекинат пред истекот на времето за игра, се казнува со настап на домашен терен без публика на три (3) натпревари.

– Согласно членот 15.3 од Дисциплинскиот правилник на КФСМ, екипата на КК „Чаир 2030 АД” од Скопје се казнува со настап на домашен терен без публика на седум (7) натпревари.

– Согласно членот 55.11 од Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги, поради фрлање петарди на трибина (4 петарди) се казнува со парична казна во износ од 10.000 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.