Пендаровски не ја помилувал Катица Јанева

news
Advertisement

Барањето за помилување на Катица Јанева е одбиено од претседателот Стево Пендаровски, а нејзиниот адвокат и син сè уште нема добиено одлука од Министерството за правда, каде што се поднесуваат барањата. „Макфакс“ праша и во Министерството за правда, а од таму велат дека ги немаат одлуките на претседателот. Од претседателскиот Кабинет посочуваат дека за помилувањето негативно мислење било дадено од Комисијата за помилување, па таква одлука донел и Пендаровски.
„Претседателот го одби барањето за помилување на Катица Јанева. Не се точни информациите дека било позитивно одговорено на барањето од Јанева од страна на Комисијата за помилување, односно и тие дале негативно мислење за нејзиното помилување“, информираат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Advertisement

Адвокатот Лазар Јанев за „Макфакс“ посочува дека барањето за помилување го поднеле пред Нова година.
„Немаме добиено никаков одговор. Имаме поднесено барање“, вели кусо Јанев за „Макфакс“.

Одлуките од Пендаровски ги чека и Министерството за правда.

„Министерството за правда сè уште ги нема добиено одлуките за помилување и одбивање за помилување од претседателот Стево Пендаровски“, велат од таму за „Макфакс“.

Јанева побарала помилување како примерен затвореник кој ги почитува правилата на „Идризово“. Таа издржа повеќе од половина од казната, а ѝ остануваат уште три години до истекот. Јанева беше шефица на специјалното јавно обвинителство, потоа осудена во предметот „Рекет“ на седум години затвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.