Пендаровски потпиша укази за амбасадори во Бугарија и во Белгија без нивно „сослушување

news
Advertisement

Освен за Руси Поповска, шефот на државата даде зелено светло и за Методија Белевски како амбасадор во Кралството Белгија, Евгенија Илиева во Словачката Република, Агрон Буџаку во Канада, а Дритон Кучи заминува во Кралството Норвешка.

Advertisement

Илиева, Буџаку и Кучи неделава ги презентираа своите приоритети пред собраниската Комисија за надворешна политика, но претседателот Пендаровски одлучи ја заобиколи Комисијата и ги потпиша указите за Руси Поповска и Белевски без тие претходно да ги презентираат своите тези пред пратениците од оваа комисија, со која претседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, објави Канал 5.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за Канал 5 велат дека не е прескокната никаква законска процедура.-Од необјасниви причини, не се одржани седници на кои на кандидатите за амбасадори во Брисел и Софија ќе им биде овозможено претставување на тезите. За сите пет кандидати се исполнети законските услови за упатување, а имајќи ја предвид важноста дека Брисел и Софија се важни политички центри, претседателот потпиша укази за поставување и на овие амбасадори, велат од кабинетот на Претседателот.

Македонија немаше свој амбасадор во Бугарија речиси две години. Последен на амбасадорското место таму беше Марјан Ѓорчев, кој беше повлечен во 2020 година. Ѓорчев за Канал 5 вели дека новата амбасадорка во Софија заминува во сензитивно време и токму затоа потребна е голема внимателност со градење на добрососедски односи, но истовремено и со бранење на македонскиот национален интерес.

Ова не е првпат претседателот Пендаровски да ја заобиколи собраниската Комисија за надворешни работи за испраќање амбасадори. Таков беше и случајот со назначувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк./netpress.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.