Пенов контра Ленин: Протестот е насочен против граѓаните, а не кон тие што треба

news
Advertisement

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека протестот на приватните превозници не треба да биде насочен кон граѓаните

Advertisement

„Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат проблемот. Вака, штетата ја плаќаат граѓаните, секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, бизниси, што е огромна штета за граѓаните“, изјави Пенов денеска од Струмица.

Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз” и „Макекспрес” веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.