Познатата манекенка по трет пат стана мајка: Адријана Лима роди син, откриено необичното име на детето

news
Advertisement

Славната манекенка Адријана Лима и нејзиното момче Андре Лемерс го добија првото заедничко дете, а среќната вест Лима ја потврди на социјалните мрежи и го откри необичното име на детето.

Таа објавила фотографија од окото на својот син, а во описот на истата напишала:

„Сијан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот спектар на бои. Сијан е бојата на водата на Бора Бора и Малдиви, места кои нашето семејство сака да ги посети. Сијан е сега нашата омилена боја, бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Сијан Лима Лемерс“.
Ова е трето дете на Адријана бидејќи веќе има две ќерки, 12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ со кој се разведе во 2019 година, додека Андре за првпат стана родител.

Бразилската убавица ја објави веста дека чека дете на ТикТок, а набрзо потоа обзнани и дека чекаат син. Последната љубовна врска во која беше пред Андре е онаа со турскиот писател Метин Хара, а потоа не се знаеше ништо за нејзините романси, сè до крајот на минатата година кога призна дека повторно е заљубена.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.