Познатиот актер откри дека се откажал од секс и храна за улогата на свештеник

news
Advertisement

Актерот Ендрју Гарфилд неодамна ја промовираше својата нова серија „Under The Banner Of Heaven“ на подкастот на „WTF“ на Марк Марон и воедно откри како се одлучил да го игра Себастиао Родригез во филмот на Мартин Скорсезе, „Silence“ од 2016 година.
Гарфилд откри дека се изгладнувал од храна и секс за подобро да го прикаже језуитскиот свештеник врз основа на реален мисионер. Рекол дека се откажал од секс шест месеци, а и цело време постел.
„Беше навистина интересно. Во тоа време имав прилично чудни искуства воздржувајќи се од секс и храна. Мислам дека имаше многу заблуди за тоа каков метод е глумата“, рече Гарфилд на подкастот. „Луѓето сè уште се однесуваат така и не е работата во тоа човек да биде безобразен со сите на снимањето“, објасни тој, очигледно мислејќи на контроверзното однесување на други актери во минатото.
„Навистина се работи само за тоа да се живее вистински под замислени околности и да се биде навистина добар со тимот и да се биде нормално човечко суштество и да се биде во можност да се откажеш кога треба или да останеш кога сакаш да останеш“, рече тој.
Разговорот за методското глумење го поттикна Марон да го праша за филмот „The Adventures of Kavalier and Clay“ од 2005 година со актерот Рајан Гослинг, што беше првпат Гарфилд да глуми пред камера откако ја започна својата кариера на сцената.
„Тој беше жив, не му беше гајле што го прави истото одново и одново. Слушаше, беше многу присутен, беше спонтан, изненадувачки. Тоа беше зен квалитет, но беше како да се биде во сцена со диво животно кое не знаеш дали ќе те бакне или ќе те убие. И се врзуваш за тоа и велиш: – Сакам да следам што и да е“, рече Гарфилд.
Гарфилд продолжил да учи кај тренерката по глума на Гослинг, Грета Сикат, пред да се пробие со улоги во филмовите „Lions for Lambs“ од 2007 година, „The Imaginarium of Doctor Parnassus“ од 2009 година и „The Social Network“ од 2010 година.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.