Познатото момче од чоколада, сега е позгоден од што можете да замислите: Цела Венеција го гледаше, а тој го сврте целото внимание на себе

news
Advertisement

Неговиот лик многумина ќе го паметат и првата асоцијација на детството

Advertisement

Алесандро Егер е модел и актер, а сите добро го познаваат неговото детско лице, благодарение на рекламата за чоколадото Киндер која беше направена одамна.

Она што многумина не го знаат е дека Алесандро е роден во Белград, а детството го поминал на Баново брдо.
– Мајка ми е Србинка, од Белград, а татко ми Италијанец. Детството го поминав на Баново брдо во Белград, каде што ме одгледа баба ми, бидејќи мајка ми главно остануваше во Италија поради работа – открил Александар во една прилика за Глорија.

Со семејството се преселил во Италија, а денес успешно гради филмска и музичка кариера, а доказ за тоа се неговите улоги во „House of Gucci“ и серијата „The Band“.

Сега го привлече вниманието на јавноста, појавувајќи се на 79. Филмски фестивал во Венеција со својата поубава половина, манекенката Мадалина Дорофтеи.
И двајцата блеснаа во многу елегантни изданија, а интересно е што двајцата живеат заедно од својата 20-та година.

Тие исто така често соработуваат, работејќи за бројни престижни модни куќи, па не е ни чудо што важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.