Политичка игра на нерви: Уставни измени, избори, широка влада?

news
Advertisement

Неделава почнуваат консултациите за уставните измени откако шефот на дипломатијата Османи веќе информираше дека оваа недела треба да се формализира процесот со јавни дебати, консултации, но и учество на експерти.

Advertisement

Власта но и опозицијата ги фрлија ракавиците. Мицкоски и денеска со порака дека 2023та ќе биде изборна година и дека се многу блиску до долго најавуваниот број на 61 пратеник за распуштање на законодавниот дом и распишување на предвремени избори.

Од СДСМ пак и денеска велат изборите ќе бидат во редовен термин догодина.

И додека власта и опозицијата во новата година влегуваат со своите барања заедничко НЗС експертите велат може да биде привремена широка коалициска влада за пристапување и отварање на уставот, а не ја изклучуваат можноста потоа да се оди на предвремени избори кон крајот на годината или евентуално почетокот на наредната.

Дали уставните измени ќе бидат мостот и до предвремени избори останува да се види престојниот период како и тоа колку лидерите се спремни да направат отстапки од едното за да дојдат до другото. Она што е познато е дека Мицкоски пак собираше нотарски заверени потписи дека неговите пратеници во собранието нема да поддржат отварање на уставот но и минатата година тврдеше дека се блиску до 61 пратеник за распуштање на Собранието иако тоа не се случи.

Ковачевски и Ахмети пак тврдат предвремени избори нема да има и дека поприоритетни се уставните измени, но како ќе дојдат до 80 пратеници немаат одговор засега. Партиите од албанскиот опозициски блок пак велат кога и да се одржат парламентарните избори спремни се за трка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.