Поплавите предизвикаа голема штета во Тетово – градот беше блокиран, најкритично во тетовските села

news
Advertisement

Голема материјална штета предизвика синоќешниот пороен дожд кој го зафати тетовскиот регион. Првично беа блокирани подвозниците во градот, поради што влезовите и излезите беа целосно непроодни. Потоа беа блокирани и неколку улици во градот. 

Advertisement

Како последица на обилните врнежи, поплавени се многу куќи, а водата однесе и неколку автомобили.

Најкритично било во тетовските села, особено во Ѓермо, каде што поплавите оштетија и темели на една куќа.

Од месната заедница велат дека екипите интервенирале многу брзо.

Дали има семејства кои останаа надвор од нивните домови?

„Не, нема. Ова е природна катастрофа, се случи што ни се случи. Вие сте присутни самите. Оваа куќа тука е најпогодена, патиштата се блокирани. Презадоволен сум, голема благодарност до екипата на општината. Тука се и жителите, цела ноќ ќе бидеме заедно, да направиме нешто“, вели Рухан Адили.

Бесар Дурмиши синоќа го посети Ѓермо заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие, Нуредин Фетаи, кој рече дека екипите веќе се на терен и ги расчистуваат патиштата.

„Едниот тим е во селото Селце, каде штотуку го расчисти патот и патот е веќе прооден. Другиот тим е тука во селото Ѓермо со цел да го расчисти патот за и тој да стане прооден. Друга екипа била во с.Мала Речица, поточно кај гробиштата каде што реката се излеа од коритото. Поради настанатите проблеми веднаш интервенирале, сѐ е расчистено и сѐ е проодно. Друга екипа беше ангажирана во селото Порој каде што настана дефект кај мостот и имаше опасност реката да се излее од коритото. Интервенирано е и сега сѐ е во ред“, вели Бесар Дурмиши.  

„Бевме на ниво на задачата. 20 минути откако ја добивме веста дека во Мала Речица реката се излеала од коритото, потоа дознавме и дека во селото Ѓермо има големо наноси, веднаш дојдовме со нашите средства кои ги имаме на располагање како претпријатие. Добивме помош и од приватни фирми со багери кои беа распоредени во Вејце и Селце. Имавме багер и во селото Порој. Се обидуваме да го држиме под контрола коритото на реката. Согласно сознанијата што ги имаме, во Тетово низ градот имало големи наноси и е причинета материјална штета“, посочи Нуредин Фетаи.

Локалниот кризен штаб денеска одржа состанок на кој е констатирано дека материјалните штети се значителни.

„Денеска е најавено дека може да има поплави или нови врнежи од дожд. Решивме критичните точки во Порој и во Речица да се расчистат и да бидат под постојан надзор, како и да се расчистат сите наноси во градот. Дирекцијата за заштита и спасување интервенираше на некои критични точки, како што е случајот во Ѓермо“, порача Биљал Касами.

Касами меѓу другото рече и дека водата во градот е добра за пиење и дека постојано се проверува. Од општината апелираат до Владата да прогласи вонредна состојба со цел на граѓаните да им биде надоместена целата штета предизвикана од поплавите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.