Поранешен премиер на Русија: Постојат три фактори кои ќе го натераат Путин да се повлече од власт

news
Advertisement

Михаил Касјанов беше руски премиер кога Владимир Путин дојде на власт во 2000 година. Касјанов, кој беше дел од администрацијата на претседателот Борис Елцин, моментално е еден од најгласните критичари на шефот на руската држава.

Advertisement

Во интервју за Sky News, Касјанов објасни дека крајот на ерата на Путин е се поблиску и поблиску секој изминат ден.

Според него, постојат три фактори кои би го принудиле господарот на Кремљ самиот да се откаже од власта во Русија, бидејќи апсолутно никој од неговата околина не може да го исфрли од владата.

Според него, првиот фактор е постојано зголемената сила на украинската армија, која продолжува да ги враќа териториите заземени од Русите. Дополнително, Касјанов посочи дека руската армија не може да се натпреварува со оружјето на Украинците, кое го има благодарение на НАТО и на Западот

Вториот фактор е најавената делумна мобилизација, која предизвика сериозен бран на незадоволство во Русија, што доведе до пад на рејтингот на Путин.

И последно, но не и најмалку важно се западните санкции, кои веќе почнуваат да имаат ефект, дестабилизирајќи ја руската економија.

Во рок од три-четири месеци очекувам да дојде до судбинска промена, истакна Касјанов.

Тој сподели и дека Путин е веќе нервозен бидејќи не знае како да се спротивстави на контраофанзивата на украинската армија.

Тој најави мобилизација, која е доста непопуларна. Поради оваа одлука Русите се свртеа против него. Тие луѓе, кои до тој момент беа неутрални, сега ја преиспитуваат својата позиција токму поради оваа мобилизација, коментира Касјанов.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.