Поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд конечно на меден месец: Парот ужива на Корзика

news
Advertisement

Поранешниот претседател на Франција Франсоа Оланд и неговата сопруга – актерката Жули Гаје заминаа на меден месец. Фотографите ги фотографираа на медитеранскиот остров Корзика, каде се држеа за раце и уживаа во сончевиот ден. Она што не им недостасуваше на папараците е изразот на љубов на нивните лица.

Да потсетиме, поранешниот претседател беше во центарот на скандал во 2014 година кога ја изневеруваше првата дама на Франција Валери Трирвејлер со нејзиниот тогашен љубовник, а сега неговата сопруга – актерката Џули. Француските таблоиди тогаш пишуваа дека тој се гледа со актерката во тајност, но на тоа му дојде крајот во 2014 година кога бракот „пукна“.

На почетокот на 2014 година во специјално издание на магазинот „Клозер“, на седум страници се пишуваше за врската на францускиот претседател со актерката Жули Гаје, проследено со папарацо фотографии на кои тешко може да се препознае Оланд, под наслов „Франсоа Оланд и Жули Гаје – Тајната љубов на претседателот“. Според списанието, кое се занимава со приватноста на познатите личности, околу Нова година (2013-2014 година) тогашниот претседател на Франција со кацига на главата, со својот скутер бил пред домот на актерката. Во весникот се опфаќа и темата за „безбедноста“ на претседателот, кој при посети на својата сакана, а денес веќе и официјална сопруга е придружен од само еден телохранител, со цел тајните средби на Франсоа и Жули да останат незбалежани. По веста на магазинот „Клозер“ тогаш претседател Оланд „остро ја осуди повредата на почитувањето на приватниот живот, на кој тој има право, како и секој граѓанин“, а најави и дека ќе го тужи магазинот.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.