Почна блокадата на „Илинденска“- приватните превозници на протест

news
Advertisement

Приватните превозници од рано утринава почнаа со реализација на најавената блокада на Илинденска на потегот од Влада до МИ – ДА и пред градско собрание каде ги паркираа своите автобуси.

Advertisement

Револтирани од третманот кај Арсовска велат од понеделник целосно ќе го парализираат сообраќајот во главниот град.

Веќе две недели прашуваат зошто престанале исплатите кон нив за услугите во јавниот превоз, а бараат и исплата на заостанатиот долг од околу 1,5 милион денари.

Но се поизвесно е дека сообраќајниот хаос во главниот град ќе потрае бидејќи Арсовска изјави дека нема да попушти пред притисоците.

Најави дека ќе биде објавен оглас за соработка со сите заинтересирани превозници, а донесе и одлука со ги раскинe договорите со двете приватни компании Слобода превоз и Макекспрес.

Покрај сообраќајниот хаос поради протестот на приватните превозници дополнително блокирана е и сообраќајницата кај Народна Банка на потегот од Аеродром.

Откако со недели стоеше раскопана и беше причина за гужви и нервоза кај граѓаните, а неколкупати беше и затворана особено по врнежите од дожд, токму денеска во целиот хаос и во време кога има најголема фрекфенција службите решија да ја асфалтираат.

Сите кои што утринава планираа да поминат по оваа сообраќајница ги исвестуваме да ја заобиколат и да побараат алтернатива.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.