Предметот за Мијалков 9 месеци во фиока, судијата го тргнал настрана, се занимавал со други предмети

news
Advertisement

Додека предметот Таргет-Тврдина за екс директорот на АНБ, Сашо Мијалков, се чувал 9 месеци во фиока кај судијата Енвер Беџети и постоела опасност од негово застарување, судијата решавал други предмети, дури и понови, од 2022, но не и предметот за Мијалков. Ова го покажа извештајот изготвен од работната група на Судскиот совет.

Advertisement

Со ваквите постапки е направено сериозно прекршување на законот за кривична постапка, оценуваат членовите на Судскиот совет. Од одржувањето на јавната седница се до носењето пресуда, поминале 9 месеци, што е непочитување на роковите за носење одлука и тоа не може да се толерира, велат од Советот. Според извештајот, неоспорен е фактот дека на судијата му се доделени многу тешки предмети, меѓутоа од сите предмети, само тој за Таргет-Тврдина останал недовршен.

Динамиката на текот на предметот е во надлежност на судија известувач, поради тоа побаран е и нивен став за неоправданите доцнења. Како причина за доцнењата се истакнува комплексноста на предметот, големиот број материјални докази и потребата од повеќе време за извршување и оценување на првостепената одлука како и доставените жалби за првостепената одлука.

И според другиот член, Сашо Ѓорѓиевски, симптоматично е недозволиво намерно доцнење.

Извештајот е изготвен од моментите на примање на предметите во суд, доделувањето на судија известувач и преземањето дејствија од судското тело кое постапувало за овие предмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.