Продолжува со работа градскиот базен во Куманово

news
Advertisement

По 3,5 месеци пауза, од денеска започна со работа Градскиот базен во Куманово. Од ЈП „Куманово-паркинг“, кое од неодамна стопанисува со овој објект, велат дека паузата е искористена да се изврши техничкиот сервис и да се исчисти објектот, по што се подготвени да продолжат со работа.

Advertisement

Продолжува со работа градскиот базен во Куманово
Директорот Сашо Петрушевски најавува дека во базенот ќе се инвестираат 10 милиони денари за вградување на фотоволтаици и топлотни пумпи, кои ќе ја зголемат ефикасноста при затоплување на водата, ќе ја намалат потрошувачката на енергенси и ќе го зголемат квалитетот на услугата.

„Интенција ни е во наредниот период да овозможиме базенот во делот на енергетската ефикасност да биде 100 отсто независен од гас и од струја. Мислам дека постапката е во тек и по нејзино завршување придобивки ќе ги почувствуваат граѓаните, клубовите и учениците во основни и средни училишта, кои го користат базенот“, изјави Петрушевски.

Тој потсети дека базените не се профитабилни и во развиените земји, и дека функционираат со помош на државата и општините, како што е и во нивниот случај.

Цените на влезниците остануваат исти и за граѓаните ќе чинат 150 денари за дневен билет и 3000 денари за цел месец.

Градскиот безен во Куманово престана да работи во октомври минатата година, поради високите сметки за струја и гас.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.