Протест во Скопје по грозоморниот случај со силување на 11-годишно девојче во Приштина

news
Advertisement

Група граѓани денеска се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на протест против насилството врз жените и девојчињата, по грозоморниот случај во Приштина, каде пред три дена, петмина силувачи во парк околу седум часа силувале 11-годишно девојче. Организаторите на протестот порачаа дека денеска протестираат против насилството што се случува, и порачаа до институциите да преземат мерки со цел спречување на слични дела во иднина. Тие велат дека „секој од нас е потенцијална жртва и токму затоа треба преку солидарност, едукација и поддршка сите да се едуцираат и информираат“.
Насобраните, воглавно жени, носеа транспаренти: „Ниедна девојка не „го бара““, „Насилството не е оправдано“, „Солидарност со Приштина“, „За да не ги браните ќерките, едуцирајте ги синовите“, „Не ме пипај“…
„Вие воспитувајте ги мамините деца да научат да се однесуваат со девојчиња. Едуцирајте ги боемите, затоа што нив не ги пере ни сапун, а девојките куршум. Ова е старомодно мото. Воспитувајте ги вашите синови, бидејќи моралот не е само кај нивните сестри, а сите други жени можат да бидат само бројка за искористување“, рече една учесничка во протестот, според „Алсат“. Во врска со случајот во Приштина, кој ја шокираше јавноста, уапсени се петмина осомничени, од кои тројца се малолетни.
Илјадници луѓе се собраа денеска и во Приштина, на протест што го организираше невладината организација Колектив за феминистичка мисла и дејствување. Сличен собир беше организиран и во Тирана.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.