Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев

news
Advertisement

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша укази за распуштање на 47-то Народно собрание и за одржување предвремени парламентарни избори на 2 октомври, како и за назначување службена влада. За привремен премиер, како што јави дописникот на МИА од Софија, е назначен Галаб Донев, досегашен советник на Радев.

Advertisement

Кабинетот на бугарскиот претседател соопшти дека за министер за надворешни работи е именуван Николај Милков, амбасадор на Бугарија во Франција, а за министер за одбрана Димитар Стојанов, кој е шеф на претседателската администрација. Во владата се враќа Атанас Пеканов, кој ќе биде вицепремиер и одговорен за управување со европските фондови. Заедно со него во преодната влада се враќа и Велислав Минеков, кој повторно ќе раководи со Министерството за култура, како и во претходните две преодни влади. За вицепремиер и министер за внатрешни работи е именуван Иван Дерменџиев, кој во втората службена влада минатата година беше министер за правда и се залагаше за смена на главниот обвинител Иван Гешев, што е клучна точка за реформите во правосудството во Бугарија, потсетува дописникот на МИА од Софија.

Претседателот Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада утре напладне на церемонија во претседателската палата./slobodenpecat.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.