Реорганизација на администрацијата – помалку директори и членови на управни одбори

news
Advertisement

Cпојување на неколку институции во една, трансфери на вработени и затворање на агенции, ова се дел од промените коишто ќе бидат преземени во рамки на реорганизација на администрацијата.

Advertisement

Реорганизацијата се прави во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада, а целта е да се овозможи поекономично и поефикасно работење на администрацијата.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, најави дека неколку институции и агенции ќе бидат споени во едно, бидејќи експертите констатирале дека вршат иста работа, поради што нема потреба да постојат две или три како досега. Некои од агенциите ќе се затворат, односно ќе бидат трансферирани како сектор во некое друго министерство.

„Експертите констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на управен одбор и директор, односно само администрацијата е битна во таа агенција. Има и случаи каде, на пример во Министерството за информатичко општество и администрација, ќе креираме нова институција – дигитална агенција. Во оваа агенција ќе бидат префрлени дел од вработените во администрацијата. “, вели Алити.

Министерот тврди дека нема да има отпуштање на вработени, но дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори.

„Вработените ќе бидат трансферирани. Значи, со реорганизација нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централна власт ние имаме дефицит на вработени, така што можно е да има прераспределување, меѓутоа вработените ќе останат. А, да ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 штом таа институција нема да има веќе директор нема да бидат директори“, рече тој.

Како пример го посочи постоечкиот Инспекциски совет, кој, со реорганизацијата нема да постои, односно, како што рече, администрацијата што е во Инспекциски совет ќе биде трансферирана во министерството, исто што и МАРНЕТ (Македонската академска истражувачка мрежа), која ќе биде префрлена во Министерството за образование и наука.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.