Русија треба да дозволи гасот од Србија да стаса до Македонија

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека се водат интензивни преговори со Србија за да се обезбеди гас, но набавката мора да се реализира со мултилатерални договори, во кои би бил вклучен и рускиот државен гигант „Гаспром“.

Advertisement

„Со Србија постои можност, меѓутоа не 100-процентна, заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори, бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас, тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до земјава со оглед на тоа дека интерконекторот со Бугарија кај Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас да поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената“, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Премиерот и министерот за економија Бектеши вчера најавија дека Македонија преговара со српската компанија „Србијагас“ за набавка на енергенсот од Русија по три до четири пати пониска цена од берзанските./SlobodenPeçat

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.