САНКЦИОНИРАНИ 23 ПЕШАЦИ

news
Advertisement

Во текот на денешниот ден (13.10.2022) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Advertisement

При контролата, санкционирани се 23 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“ велат од СВР Битола.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.