СДСМ: Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 2: Нема да почнеме преговори со ЕУ!

news
Advertisement

Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев се што правеше во оваа 2022 година беа лаги и деструкции.
Во годината во која започнавме преговори со ЕУ ќе остане запаметено дека Мицкоски се што кажа излажа порача на прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ
Првата и најголема негова голема лага беше дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следувале асимилација и бугаризација.
Втора најголема лага на Мицкоски во 2022 е тоа дека нема да започнеме преговорите со ЕУ.
„Македонија нема ниту скрининг ниту почеток на преговори со ЕУ“
„Албанија ќе преговара а ние ќе седиме во чекалната“
Ова беа зборовите, ова беа лагите на Мицкоски кој тврдеше дека преговорите за членство во ЕУ е недостижна цел.
Но и оваа лага на Мицкоски многу бргу потона.

Advertisement

Започнавме преговори со ЕУ на 19 јули. Скринингот е веќе во тек, и што е уште поважно започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идениттет.
На првата Меѓувладина конференција, тоа беше соопштено јасно и недвосмислено во Брисел, од страна на високи европски претставници.
Ќе остане запаметено дека Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се противеа на усвојувањето на европскиот предлог кој обезбеди почеток на преговорите со ЕУ, после 17 години минати во чекалната.
Мицкоски го лаже народот, слаб е и нема став. Затоа што е во целосно заложништво на Апасиев и на погрешна страна на историјата.
На Мицкоски не може да му се верува, порача Каевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.