Северина сослушана во полиција поради семејно насилство?!

news
Advertisement

Северина Вучковиќ е приведена на аеродромот во Загреб откако сестраи Маријана ја пријавила за семејно насилство.
Имено, во улицата Пожешка во Сплит, каде живее мајката на Северина Вучковиќ, Ана се одвивала вистинска драма, кога пејачката имала жестока пресметка со нејзината сестра. Имало и физичка пресметка меѓу сестрите Северина и Маријана.
Сестрите наводно се скарале поради семејно наследство, велат соседите на пејачката.
-Успеав само да дознаам дека се степале за имот. Таа побарала од Севе да и го даде тоа што е нејзино, изјавил сосед на Севе.
Вчера како бомба во балканските медиуми одекна веста дека мега популарната пејачка Северина Вучковиќ била уапсена во Загреб поради наводно семејно насилство.
Причина за приведувањето наводно била физичката пресметка со нејзината сестра.
Имено, Северина била пријавена од нејзината сестра Маријана, која изјавила дека поради здобиените повреди завршила во болница.
Според пријавата на Маријана, популарната Севе ја нападнала пред очите на нивната мајка. Двете сестри наводно физички се пресметувале,си удирале шлаканици низ целиот стан.
За инцидентот се игласила и Ана Вучковиќ, мајката на Северина, која за Вечерњи лист изјави дека ова не е прв пат сестрата на Северина, Маријана Поповиќ, да ја пријавува популарната пејачка.
– Маријана излезе од никаде и сама се фрлаше низ станот, не е прв пат да ја пријави сестра си! изјавила мајката на Северина за инцидентот.
Адвокатот на Северина, Мато Матиќ за ДНЕВНИК.хр изјави дека пејачката не е уапсена, туку дека полицијата ја пречекала на аеродромот во Загреб со намера да ја сослуша во станицата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.