Северна Македонија влезе во законот за буџет за одбрана на САД

news
Advertisement

Конгресот на САД го изгласа Законот за овластување за национална одбрана во кој е вметнат и амандман за Северна Македонија, пренесе „Гласот на Америка“. Ова е федерален закон со кој САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон, a согласно амандманот, како што пишува, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, најдоцна до први декември 2022 година, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Северна Македонија за време на фискалната 2023 година.

Advertisement

„Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Северна Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Северна Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија“,

пишува во законот.
Во него се додава дека од суштинско значење е САД и остатокот од НАТО да продолжат да спроведуваат слични вежби со Северна Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција.

Северна Македонија, како што пишува „Гласот на Америка“, е вметната во предложениот законски текст од страна на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, на барање на Обединетата македонска дијаспора.

САД и Северна Македонија во јуни го одржаа првиот стратешки дијалог, на кој беше потврдена дополнителна финансиска поддршка од САД во вредност од 40 милиони долари за модернизација на македонската Армија. Двете држави се заложија за поголема соработка во одбраната и интензивирање на заедничките вежби и обуки.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.