Се гласа за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово

news
Advertisement

Денес се одржуваат локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948. toВо Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.
Претходните обиди за избори пропаднаа бидејќи не беше исполнет условот најмалку една третина од гласачите да излезат на гласање. Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Во Тетово се одржуваат предвремени избори за нов совет откако претходниот состав не ја изгласа завршната сметка на општината во законскиот рок.
Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.Вчера гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.