Се роди бебе џин: Тежи скоро колку едногодишно дете

news
Advertisement

Раѓањето на ова бебе воопшто не било лесно и било вистински предизвик за 27-годишната мајка…

Advertisement

Новороденчето при раѓањето било долго 59 сантиметри и тежело повеќе од 7 килограми. Момчето е родено со царски рез. Болничкиот персонал барал соодветна облека и пелени за него.

Родено е на 18 јануаери во 11:27 часот во болницата „Падре Коломбо“ во Паринтинс, Бразил.

Мајката на момчето, 27 годишната Клајдијан Сантос Дос Сантос, дошла во болницата на преглед, но лекарите сфатиле дека нероденото дете е преголемо за да ја издри целата бременост, Затоа решиле пораѓајот да биде порано.

На крајот, Ангерсон е роден со царски рез, по што е ставен во инкубатор. Бразилските медиуми пренесуваат дкеа мајката и бебето се во добра состојба.

Момчето при раѓањето било 59 сантиметри долги и 7,328 килограми тешко, по што е запишано како најголемо дете родено во бразилската држава Амазонас. Претходниот рекорд во оваа држава го имал Адемилтон, роден во 2005 година со тежина од 7 килограми.

Болницата „Падре Коломбо“ собира средства за купување на нова облека за Ангерсон, бидејќи онаа која ја купиле неговите родители е премала.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.