Совршено стилизирана, Меган Маркл се обрати на британската јавност две години по Мегзит

news
Advertisement

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на вечерашниот светски самит „One Young“ во Манчестер. Американската актерка го одржа говорот, обраќајќи ѝ се на британската јавност две години по Мегзит.

Advertisement

Таа го одржала воведниот говор пред 2.000 луѓе во сала во Манчестер додека ја гледал насмеаниот принц Хари. Двојката допатувала во Манчестер со воз од Лондон, неколку часа пред настанот, пишува „Дејли мејл“.

Доаѓањето на Меган и Хари во Велика Британија следеше само неколку дена по објавувањето на нејзиното интервју за магазинот „The Cut“ во кое таа, меѓу другото, рекла дека е потребно многу труд за да се прости, мислејќи на својот однос со кралското и со своето семејство.
Меган вечерта носела фантастична облека во впечатлива црвена боја. Станува збор за креација на модната куќа „Валентино“, истиот модел на кошула во различна боја носеше и во текот на претходните јавни настапи. Зад нејзините сандали стои брендот „Aквазура“.

Актерката речиси не ја тргнувала насмевката од лицето, додека се забележани и посериозните изрази на лицето на нејзиниот сопруг Хари. „Дејли мејл“ посебно истакнува дека принцот срдечно аплаудирал додека се кревало британското знаме.

„Хари ја сака својата земја“, пишува овој весник.
А Меган зад говорницата рекла дека е „многу убаво што се вратив во Велика Британија“. Таа пред публиката, која ја сочинувала млади делегати од повеќе од 190 земји, порачала дека токму тие се „иднината, но и сегашноста, иницијатори за позитивните и неопходните промени кои му се потребни во целиот свет“.

Славната двојка го зазеде централното место на церемонијата, додека Боб Гелдоф, кој исто така одржа говор, и градоначалникот на Манчестер, Енди Барнам, седеле десно од нив.

Меган во еден момент дури и заиграла, а злобните коментари ниту овој пат не ја заобиколија. „Лажна кралска двојка“.

За време на својот говор Меган го скрена вниманието на важноста на родовата еднаквост. Младинската организација на која се обрати вечерта, таа поддржуваше уште пред бракот со Хари.
„Мојот живот значително се промени… Сега сум мајка. И до тој момент, фер е да се каже, мојот живот беше доста променет (таа се присетила на посетата на самитот што се случи пред свадбата). Сега јас сум омажена и сега сум мајка. Мојот поглед кон светот од корени се прошири, сега ја гледам глобалната заедница низ очите на моите деца. Воодушевена сум што мојот сопруг овој пат можеше да ми се придружи“, рекла Меган, споредувајќи го својот живот пред бракот и мајчинството и сегашноста.

Таа истакнала дека постојано се прашува себеси што може да направи за да го направи за светот да стане подобро место.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.