Со заеднички меморандум Македонија и Србија ќе соработуваат на патот кон ЕУ

news
Advertisement

Северна Македонија и Србија ќе потпишат меморандум за заедничка соработка и размена на искуства во евроинтеграциите бидејќи и двете држави немаат лесен пат кон Европската Унија, а имаат многу допирни точки. Ова е договорено на денешната средба во Белград во рамки на Отворен Балкан, меѓу македонскиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.
По средбата Маричиќ изјави дека со задоволство ја прифаќа идејата која е корисна и за двете држави, а заедничката работа може да донесе побрз напредок и резултати.
Маричиќ: Паралелно со скринингот да се извршат и уставните измени
„Северна Македонија и Србија покажаа многу во реформите и решавањето на тешките прашања, и сметаме дека се покажавме како кредибилен партнер на Европската унија и покажавме солидарност со ЕУ, изјави Маричиќ на прес – конференцијата по средбата.
Тоа, како што посочи вицепремиерот Маричиќ, ни дава право да побараме да бидеме вклучени во решавањето на сегашните и идните кризи поврзани со енергетското снабдување, со снабдувањето со храна и струја.
Српската министерка Јоксимовиќ изјави дека им честитала на Северна Македонија и Албанија за отворањето на преговорите за членство во ЕУ, и дека Србија „земајќи во предвид какви се таа политички барања имала кои го одолжиле нејзиниот пат, го разбира тешкиот пат што го измина Северна Македонија и низ што се помина за да ја постигне целта.“
Во Белград Отворен Балкан со саем Винска визија, лидерски самит и македонска вечер
Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Северна Македонија и Република Албанија.
Во рамки на активностите во Белград е предвиден и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.