Срамно – уништен паметникот Виртуален Прличев во Охрид, 48 часа по поставувањето

news
Advertisement

Уништен паметникот Виртуален Прличев, 48 часа по поставувањето, ова го објави авторот на ова дело професорот Анис Сефиданис, во неговиот фејдбоок профил.
“Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.

Advertisement

Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот” напиша Проф. д-р Анис Сефиданис./monitor.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.