Српска пејачка призна дека е проститутка: „Еден час со мене чини 500 франци, работам 10 години, а најмногу ме бараат женети мажи“ (ФОТО)

news
Advertisement

Трансродовата пејачка Електра Елит се повеќе ја има  во медиумите во последните неколку месеци. Таа сега „без влакна на јазикот“ за швајцарскиот локален канал „ТелеЗури“ изјави дека се занимава со проституција, бидејќи тоа е легализирано кај нив. На почетокот на разговорот, без никаков срам, Електра објасни дека нејзиниот бизнис се одвива онлајн, преку Интернет.

Advertisement

„За време на короната, започнав да заработувам и преку Интернет. Добив над 2.000 пораки. Можам да ви кажам дека вреди. Постојат само разговори каде што се пишуваат пораки со корисници на моите услуги или видео повици како втора варијанта. Не можам да кажам дека е за мојата работа е лошо време. Ако го кажам тоа, сигурно ќе ве излажам. Не смееме да заборавиме дека пред изолацијата имавме совршено време за работа“ – вели трансродовата пејачка кој работела многу одамна пред вирусот корона да се појави на познатата улица во Цирих, каде проститутките ги нудат своите услуги.

„Ако проститутка помине десет до дваесет години на познатата улица во Цирих, плати 2 или 3.000 франци за соба и остане на таа улица десет години, тоа значи дека таа добро заработува таму. Затоа остануваме. Знам многу жени од таму. Сега зборувам искрено и без тајни. Секоја недела како проститутки добиваме пари од фондации, каде што донациите се движат од 100 до 500 франци, а понекогаш и повеќе. Ни помагаат од сите страни“ –  тврди Електра без срам, опишувајќи како се одвиваат подготовките  во просториите и кои се нејзини најчести клиенти.

„Сè во собите е обновено и дезинфицирано пред тоа. Но, да бидеме реални, кој може да ме контролира во собата кога сум со клиенти. Мои лични клиенти се хетеро-мажи, женети мажи… Хомосексуалците не доаѓаат кај транс или трансродови луѓе. Кај мене обично доаѓаат оние кои веќе имаат девојки или жени“ – вели пејачката, која верува дека може да ги исполни желбите на мажот на подобар начин од жената, бидејќи таа била маж пред операцијата и знае како мажите размислуваат.
„Трансродовите луѓе не размислуваат како жени, туку како мажи. Тоа значи ако си мој клиент, а си маж, знаеш што сакаш, но јас исто така сум бил маж и ги разбирам твоите потреби. Тоа е голема предност во мојот случај. Клиенти имаат поголема почит кон мене отколку кон жена. Тие се многу послободни во интимните врски. Имам и брзи клиенти кои доаѓаат на пет или десет минути“ – вели Елит, која никогаш не се срамела, а попатно, без да крие кажува каков е нејзиниот ценовник.

„Час ми чини од 300 до 500 франци, во зависност од фантазиите на клиентот. Јас сам(а) одлучувам колку ќе наплатам за интимната врска, бидејќи сум на таа улица во Цирих повеќе од десет години“ – заклучува Електра Елит.

Да потсетиме, Електра престанала да биде маж пред 13 години кога и го сменила полот. Зад себе има брак и две деца, кои никогаш не ја осудиле нејзината одлука. Синот и ќерката се горди на неа, а „тато“ ќе ја викаат до крајот на животот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.