Сталоне се обидува да го спаси својот брак – Со помош на ќерка си и спомените/ФОТО

news
Advertisement

Сопругата на Силвестер Сталоне, Џенифер Флавин, неодамна поднесе барање за развод по 25 години брак со познатиот актер, објавија американските медиуми минатата недела.
Поранешната манекенка (54) смета дека бракот е „неповратно нарушен“ и бара имотот акумулиран за време на бракот да биде „праведно распределен“ меѓу нив.
Сталоне изгледа се обидува да си го спаси бракот со помош на ќерката Софија.
Таа вчера го прослави својот 26-ти роденден, а актерот креираше честитка во вид на заеднички фотографии од целото семејство и ја објави на Инстаграм.
На една од фотографиите е и Флавин.
Среќен роденден на посебната наследничка“, напиша Сталоне.
Иако имаше коментари дека важи за хармонично семејство, прашање е колку тоа ќе трае и дали Сталоне ќе успее во својот план.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.