Струјата се врати во Арачиново

news
Advertisement

Општината Арачиново е повторно вратена на електричната мрежа, откако три дена беше без струја, поради диви приклучоци и нејзино оптоварување.

Advertisement

Информацијата на социјалните мрежи попладнево ја објави министерот за економија, без да прецизира на кој начин е решен проблемот.

Во координација со градоначалникот на општината и раководството на ЕВН, најдено е решение за прашањето за снабдување со електрична енергија. Ова решение е привремено, но со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

На кој начин е надминат проблемот, попладнево не можеше да се добие информација ниту од кабинетот на Бектеши, ниту од ЕВН. На нашиот телефонски повик не одговори ниту градоначалникот на Арачиново.

Попладнево дел од граѓаните на Арачиново, протестираа пред ЕВН од каде градоначалникот ја обвини компанијата за нехуман однос.

Од министерството за економија велат дека во текот на утрешниот ден ќе објаснат на кој начин е решен проблемот во арачиново и дали некој ќе одговара за кражбите на струја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.