Тотално лудило: Лажното деби на Роналдо за Ал Наср го гледале – милиони луѓе!

news
Advertisement

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија предизвика земјотрес во светскиот фудбал, зашто Португалецот ја заврши својата европска ера, па започна нова во Азија за најголем договор во историјата од 200 милиони евра и ги збудале Арапите, ама и своите навивачи.

Advertisement

И додека се разјасни кога ќе дебитира, зашто сѐ уште не е регистриран, а над глава му виси и суспензија од два меча која ја носи од Англија, „измамници“ на Јутјуб успеаа веќе да направат хајлајтс од дебито на Роналдо и да измамат – милиони луѓе. Доволно за да покаже какво лудило владее кога ќе се спомене Роналдо.

Ал Наср денеска од 16 часот треба да го игра својот меч во саудиското првенство против Ал Тае, меч кој беше поместен и требаше да се игра вчера. И на него сигурно нема да дебитира Роналдо, ама веќе се појавија видеа од негово деби против истоимениот тим на кој победил Ал Наср со 5-1, а Португалецот дал гол и имал асистенција. И нормално станува збор за измама, а на Јутјуб се појавија уште десетици слични хајлајтси од деби на Роналдо за Ал Наср, а севкупно е проценката дека на видеата вкупно се навлекле 20 милиони неинформирани луѓе кои очекувале да го видат првиот меч на Роналдо, а гледале или компјутерски анимации или добро измонтирани кадри од претходни мечеви на Ал Наср, ама нормално без голови на Португалецот кој штотуку дојде во Ријад

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.