Уапсен полски државјанин во Скопје, полицијата му пронашла дрога

Уапсен полски државјанин во Скопје, полицијата му пронашла дрога

Life

Одреден притвор за државјанин на Полска, кој е лишен е од слобода затоа што кај него била пронајдена дрога.

Како што информираат од МВР, вчера (01.10.2025) во 11:00 часот на ул. „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.С.(36) од Полска, затоа што кај него пронашле и одзеле дрога.